Германската министерка Лејен уверена дека Македонија ќе добие покана

Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен изјави дека е уврена дека Македонија денеска ќе ја добие поканата за НАТО и најави дека планира да ја посети Македонија наесен.

„Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО за нашите македонски пријатели, и многу сум сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот и со нетрпение очекувам да ја посетам вашата прекрасна држава, во септември мислам“, рече Лејен за МИА.

Шефицата на германската одбрана е уверена дека добро ќе помине и референдумот за името.

„Стискам палци дека референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО“, изјави Лејен.