Ослободувањето на двајцата грчки војници притворени во Турција приоритет за Атина на Самитот на НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Главен приоритет на грчкиот премиер Алексис Ципрас на претстојниот Самит на НАТО ќе биде прашањето за двајцата грчки војници, кои веќе четири месеци се наоѓаат во притвор во Турција, откако залутаа на турска територија, соопшти портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.

„Прашањето за нелегалното притворање (на војниците) ќе биде споменати во сите обраќања и на сите средби на премиерот, за да се изврши максимален можен притисок за нивно ослободување“, изјави Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според портпаролот на грчката Влада, веројатно е дека на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, ќе се одржи и средба на Ципрас со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.