Амнестијата за 27 април не е услов за ДИК, тврди Димовски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги повика партиите да ги утврдат кандидатите за Државната изборна комисија за да се исполнат условите за одржување на најавениот референдум за името на крајот на септември и почетокот на октомври.

Димовски рече дека амнестијата за настаните од 27 април не е услов за избор на членови на ДИК.

„Амнестијата не е услов за избор на ДИК и идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не е поврзана со ДИК“, рече претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски.