Спасено уште едно момче од пештерата во Тајланд, остануваат уште две и тренерот

Уште едно момче од заробените во пештерата во Тајланд денес е извлечено, остануваат уште две деца и нивниот тренер, јави Ројтерс.

Денес е третиот ден од спасувачката операција за 12-те момчиња и нивниот тренер кои пред повеќе од две недели останаа заглавени во пештера во Тајланд.

Според Ројтерс, претставниците на спасувачкиот тим очекуваат акцијата да заврши во текот на денот и сите да бидат спасени.