Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Парламентот во Анкара положи свечена заклетва за стапување на функцијата, со што официјално почна неговиот нов претседателски мандат, а во исто време стапија во сила уставните измени со кои Турција се трансформира од парламентарна во претседателска република.
По полгањето на свечената заклетва пред пратениците , Ердоган го посети маволејот на основачот на Турската Репубика и прв претседател на Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Подоцна попладнево во претседателската палата „Бештепе“ ќе се одржи и свечената церемонија на стапување на должност на Еродган, на која ќе присуствуваат 22 претседатели, 28 премиери и претседатели на парламенти.
Долгогодишниот турски лидер Ердоган победи уште во првиот круг од претседателските избори одржани на 24 јуни и доби нов петгодишен мандат.