Визна либерлизација за Косово пред летните одмори, вети Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан најави дека одлуката за визната либерализација за Косово ќе биде донесена многу наскоро и нагласи дека Европската комисија ќе го одржи ветувањето.

„Ќе го одржиме ветувањето и ќе ја донесеме одлуката пред летните одмори“, изјави Хан за приштинската телевизија КТВ, од Лондон, каде што учествува на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

Меѓу високите претставници на шесте земји од регионот, на самитот, од Косово, учествуваат премиерот Рамуш Харадинај и министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли.