Спасени четири момчиња од пештерата во Тајланд

Хеликоптер пренесува спасени ученици од пештерата во Талјанд.

Тајландските власти соопштија дека досега се спасени четири момчиња од вкупно 13 луѓе кои беа заглавени во поплавената пештера. Тие беа заробени во пештерата повеќе од две недели.

Спасувачи денеска започнаа со мисија за извлекување на 12 момчиња и на нивниот тренер. Спасувачката операција може да трае од три до четири денови во зависност од времето.

Светските медиуми наведуваат дека спасените момчиња се однесени во болница. Редоследот за спасување го одредиле лекари во пештерата, а прво се извлекуваат најслабите момчиња.