Извлечени првите две момчиња од пештерата во Тајланд

Спасувач во пештерата во Тајланд

Спасувачите ги извлекоа првите две од вкупно 12 момчиња кои се заглавени во поплавена пештера во Тајланд, објави Би-Би-Си. Операцијата за спасување почна изутрината. Во операцијата учествуваат 13 странски и двајца тајландски нуркачи. По двајца нуркачи придружуваат едно дете додека да го извлечат од пештерата. Беше соопштено дека за извлекувањето на секое дете од пештерата се потребни околу 11 часа. Децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер се заробени во поплавената пештера 12 дена, а нуркачите ги пронајдоа во понеделникот на четири километри од влезот на пештерата. Тие тргнале на прошетка низ пештерата, но останале заробени внатре откако се поплавила поради поројните дождови.