Вучиќ в понеделник на инаугурацијата на Ердоган

Архивска фотографија: Претседателите на Србија и на Турција, Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Република Турција, каде ќе присуствува на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, информираа од кабинетот на српскиот претседател.

Честитајќи му ја победата на Ердоган, кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 јуни, Вучиќ истакна дека „Србија ќе продолжи да биде достоен партнер на Турција и на нејзиното лидерство“.