Петмина повредени на трката со бикови во Памплона

Архивска фотографија - Памплона, 2017.

Најмалку петмина се повредени на првиот ден на традиционалната трка со бикови во шпанскиот град Памплона, соопшти денеска Црвениот крст. Портпаролот на Црвениот крст Хозе Алдаба изјави дека повредените се префрлени во болница неколку минути по почетокот на трката. Четворица се полесно повредени, додека еден човек повреден бил прободен со роговите на еден бик.

Улиците на Памплона денеска беа полизгави од вообичаено поради ситниот дожд, па многумина од учесниците се сопнуваа и паѓаа.

Трката со бикови тешки меѓу 550 и 630 килограми, долга 850 метри, беше завршена за две минути.