Франција прв полуфиналист на светското фудбалско првенство

Денешниот меч меѓу Франција и Уругвај

Франција со 2:0 ја совлада репрезентацијата на Уругвај во четвртфиналето на светското фудбалско првенство кое се одржува во Русија. Првиот гол за Французите го постигна Рафаел Варан, а победата ја запечати Антуан Гризман во второто полувреме од натпреварот. Противник на Франција ќе биде подобрата репрезентација од мечот меѓу Бразил и Белгија.