Турски новинари осудени на затворски казни за поврзаност со пучот

Издание на турскиот весник Заман

Турски суд денеска осуди неколкумина поранешни новинари на забранетиот весник „Заман“, под обвинени за поврзаност со несупешниот обид за воен удар во јули 2016 година. Новинарите Сахин Ашлак и Али Булач се осудени на осум години и девет месеци затвор поради „членување во терористичка организација“, додека Мумтазер Туркон заработи затворска казна во траење од 10 години и шест месеци.

Турските власти го затворија весникот „Заман“ во 2016 година под обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и е обвинет дека е организатор на обидот за пуч од пред две години.