Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го предупреди претседателот Хашим Тачи дека може да биде разрешен од функцијата, доколку во преговорите со Србија го прекрши Уставот на Косово.
„Ние имаме Устав и секој што ќе излезе надвор од него значи дека гази врз договорот од Декларацијата за независност“, рече Харадинај како одговор на прашањето за „црвените линии“ во преговорите на Приштина со Белград,
Според него, извештајот за дијалогот со Србија ја претставува реалната состојба. Приоритет за Приштина, како што наведе Тачи, во дијалогот со Белград е спроведувањето на претходно постигнатиот договор за енергетика.