И воената амнестија дел од договорот на Белград и Приштина?

Дел од странските дипломати во косово биле изненадени кога слушнале дека дел од конечниот договор меѓу Косово и Србија може да биде и прогласување амнестија за периодот од војната во Косово во 1998-99 година, објави денеска „Коха Диторе“.

Весникот, повикувајќи се на „мошне кредибилни дипломатски извори“, тврди дека таквите информации истите ги слушнале од официјални лица во Приштина и дека постои ниво на подготвеност меѓу преговарачите, како во Косово, така и во Србија, за нешто такво и да се реализира.

Според дипломатските извори на кои се повикува весникот, една таква амнестија би се однесувала на двете страни учеснички во косовската војна, а резултат на тоа би било неформирањето на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово.