„Паркер“ на 4 август тргнува кон Сонцето

Тестирањата на сондата „Паркер“ се при крај, по што НАСА 4 август годинава ќе ја лансира кон Сонцето и ќе ја постави на рекордно мало растојание од него, објави АП.

Како што соопшти НАСА, мисијата би требало да трае седум години и за тоа време „Паркер“ ќе биде околу 6,1 милион километри оддалечен од Сонцето.

Сондата е именувана според астрономот Јуџин Паркер кој е познат по Теоријата за сончевиот ветер.