Русија парично го казни РСЕ за наводно прекршување на Законот за странски агенти

Лого на Радио Слободна Европа.

Судот во Москва го казни Радио Слободна Европа, откако пресуди дека радито не го почитувало законот со кој се регулираат медиумските куќи означени од Владата како „странски агенти.“

Судот денеска му нареди на РСЕ да плати 100.000 рубљи (1.600 долари), откако судијата го отфрли барањето на адвокатот на компанијата да го одложи сослушувањето.

РСЕ соопшти дека ги разгледува своите правни опции. Крајните прекршувања на законот за странски агенти може да предизвика кривични пријави против РСЕ и неговиот персонал во Русија и претсавуваат закана за неговото работење во земјата.

Адвокатите на РСЕ ги бранеа легалните законските поднесоци на компанијата.

Претседателот на РСЕ Томас Кент рече дека обвинението против РСЕ е „остра нова ескалација на серијата руски акции со цел поткопување на работата на компанијата и изнесување на јавни сомненија за рускиот персонал.“

Пресудата доаѓа осум месеци откако Министерството за правда ги означи како „странски аагенти“ РСЕ, Гласот на Америка и неколку други медиумски организации.

Означувањето беше засновано на закон потпишан од страна на претседателот Владимир Путин во ноември, овозможувајќи и на Владата да го применува означувањето на медиумите кои добиваат средства од странство.

Кент рече дека законот се чини дека политички мотивиран од самиот почеток.