Сите седуммина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на 27 април минатата година денес добија осудителни пресуди и вкупна затворска казна од 81 година.
Кире Ѓорѓиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци,Александар Јаневски - Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.
Пратеникот Зијадин Села не беше присутен во судницата на изрекувањето на пресудата.