Со Договорот за името Уставот е прекршен повеќе пати, обвини ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Зоран Заев го потпишаа најсрамниот и капитулантски договор во историјата на дипломатијата, а нивната „патлиџан дипломатија” ги обесчести и ги покори Република Македонија и македонскиот народ, обвини денеска опозицикста ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи при потпишувањето на Договорот со грција повеќе пати бил прекршен Уставот.

“Со овој договор се прекршува Уставот неколку пати. Во срамниот и капитулантски договор никаде не стои името на нашата земја Република Македонија. Никаде во договорот не стои дека се потпишува во името на државата Република Македонија, ниту пак во името на граѓаните на Република Македонија или пак дека некој се овластува во името на Владата на Република Македонија да се потпише ваков договор или спогодба односно самиот збор Република Македонија го нема никаде во овој договор“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.