Пилешкото од Бразил на македонскиот пазар е безбедно

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Македонија. Како што соопшти, врз основа на извршените лабораториски испитувања досега не се добиени позитивни резултати, односно месото кое е пласирано на македонскиот пазар е безбедно, а годинава нема уништени или вратени пратки со пилешко месо со потекло од Бразил.

“Во однос на месото кое се увезува од Бразил, вклучително и пилешкото, од секоја пратка се земаат задолжителни мостри за микробиолошко тестирање и за откривање на резидуи”, информираат од АХВ.