Трудова инспекција ќе го проверува работењето на верските заедници

Илустрација

Премиерот Зоран Заев изјави дека лично тој ќе ѝ даде налог на Трудовата инспекција да провери дали верските заедници ги почитуваат законските обврски од аспект на плаќање даноци и придонеси.

„Владата негува добар однос со сите верски заедници. Не сме надлежни, ниту сакаме, а и Уставот не дозволува инволвирање во внатрешните избори и уредувања, но тоа не значи дека некој може да биде надвор од Законот кога се работи за плаќање даноци, придонеси...“, одговори Заев на прашањето на пратеникот Мухамед Зеќири „дали трудовата инспекција некогаш ќе влезе во Исламската верска заедница за да провери дали им се плаќа инвалдиско и пензиско осигурување на имамите кои се жалат дека тоа не се прави“.

Заев додаде дека давачките и чесниот пристап, мора да важат за секого, независно за која верска заедница станува збор и додаде дека „и МВР во овој сегмент води одредена истрага врз основа на пријави“.