До јуни 2019 мора да имате политичко единство и реформи, ѝ порача ЕУ на Тирана

Илустрација - Објавата на Еди Рама на Фејсбук за кандидатскиот статус на Албанија за ЕУ

Амбасадорката на Европската унија во Тирана, Романа Влахутин изјави дека до јуни 2019 година, кога се очекува датум за почеток на преговорите за членство на Албанија во ЕУ, Тирана има голем предизвик поврзан со политичкото единство и забрзувањето на реформите.

Во обраќањето на Конференцијата на тема „Што ја очекува Албанија по заклучоците на Советот на ЕУ за општите прашања: Очекувања и должности", евроамбасадорката упати апел за единство на албанските политички партии, бидејќи во спртивно, како што рече, процесот на интеграција ќе биде многу тежок.