Самоубиствен напад во Киркук, најмалку 19 повредени


Автомобил-бомба удрил во складиште во кое биле гласачки кутии од ирачките парламентарни избори во мај, соопшти полицијата, пришто најмалку 19 лица биле повредени. Нападот се случил во северниот град Киркук. Бомбашотго активирал автомобилот на главната порта до магацините, а во инцидентот биле повредени девет полицајци, шест припадници на антитерористички сили и четворица цивили Според првичните извештаи нема штета на гласачките кутии.

Ирачката изборна комисија во саботата објави дека во вторник ќе започне рачно пребројување на гласачките ливчиња во неколку провинции, почнувајќи соетнички мешаната провинцијаКиркук за каде што се верува дека имало достанеправилности.