Трамп: Ќе се зголеми производството на нафта

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека кралот на Саудиска Арабија Салман му рекол дека Ријад се согласувада го зголеми производството на нафта како одговор на "превирањата" во Иран и во Венецуела.

"Разговарав со кралот Салман од Саудиска Арабија и му објаснив дека поради превирањата во Иран и Венецуел, барам Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта, можеби дури и до 2.000.000 барели, напишаТрамп на твитер.

Трамп не наведува временска рамка до кога тоа ќе се случи.

Неговиот коментар доаѓа откако цените на нафтата се зголемија,бидејќи администрацијата на Трамп ги повика сојузниците да престанат да купуваат нафта од Иран. Организацијата на земјите-извознички на нафта (ОПЕК) претходно овој месец се согласи со Русија, Казахстан и другите нафтени земји за производство за да го зголеми производството за 1 милион барели дневно, почнувајќи од јули.