Пацоли: Лагата е српски национален интерес

Беџет Пацоли

Шефот на косовската дипломатија и вицепремиер, Беџет Пацоли, објавил денеска цитат од дело на српскиот писател и некогашен претседател на СР Југославија Добрица Ќосиќ, за, како што рече, да ги демантира тврдењата на својот српски колега, Ивица Дачиќ, дека неколку земји го повлекле признавањето на независноста на Косово, објавија косовските медиуми.

Пацоли го цитирал делот од романот на Ќосиќ „Делби“, каде што тој вели дека „лагата е српски национален интерес“, што, според шефот на косовската дипломатија, „е доктрина според која се води и српскиот министер за надворешни работи Дачиќ“.