Сирискиот центар за човечки права со седиште во Лондон соопшти дека над 120.000 луѓе побегнале од југозападна Сирија од почетокот на офанзивата на владините сили.
Според центарот, неколку десетици илјади луѓе се наоѓаат на границата на Сирија со Jордан, додека илјадници побегнале кон Голанската висорамнина. Директорот на Центарот, Рами Абдулраман изјави дека најголем број цивили го напуштиле источниот дел на провинцијата Дера.