Со транспарентност и професионално новинарство против лажните вести

Министерот Роберт Поповски

Активната транспарентност во една земја е најголем непријател на лажните вести и дезинформации, а во соседство како Западен Балкан активната соработка на медиумите е клучна, рече министерот без ресор за комуникации Роберт Поповски во обраќањето на седмата сесија на 98.РОС-РОТ семинарот на тема „Состојбата со медиумскиот пејсаж на Западен Балкан: Влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавноито мислење.

Според Поповски, клучот за заштита од лажните вести и дезинформации е во новинарската професија не само на национално, туку и на регионално ниво, преку саморегулирање и држење до етичките стандарди и вредности. Владите и сите политички субјекти мора да ги поддржат овие стандарди, нагласи Поповски, укажувајќи дека трендот на ширење шокантни вести, дезинформациикако на национално, така и на регионално ниво е најголем поткпопувач на демократскитре, реформските и евроатлантските аспирации на регионот.