Заев во Брисел на средба со Столтенберг

Премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел, како што е најавено, ќе има средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Веднаш по средбата е најавена нивна прес конференција. Столтенберг вчера изјави дека е уверен оти на самитот на НАТО ќе биде решено да се отворат преговори за членство на Македонија во Алијансата. Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски вчера изјави дека Столтенберг денеска ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години, оносно дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули. За време на работната посета на Брисел Заев вчера се сретна со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, како и со еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан.