Пензионерите се обединија во синдикат, бараат минимална пензија

Илустрација

Пензионерите кои денеска на основачко собрание се обединија во синдикат, најавија дека ќе се залага за подобрување на стандардот на пензионерите, за стабилен пензиски систем и за утврдување на минимална пензија по примерот на минималната плата.

„Ќе се бориме за подобрување на стандарот на сите пензионери, особено на социјално загрозените пензионери. Ако постои минимална плата, зошто да не постои минимална пензија. Целта е подобрување на економскиот стандард на пензионерите, подобрување на пензиско инвалидското осигурување. Ќе настојуваме и што поголем број пензионери да имаат пристап до здравствено осигурување“, изјави новоизбраниот претседател на синдикатот Маријан Спасовски.