Федерална судијка забрани разделување на мигрантските семејства

По барање на Американската унија за граѓански слободи, Федералната судијка од Сан Диего, Дејна Сабро, издала прелиминарна наредба со која им наложила на американските гранични служби да ги спојат разделените мигрантски семејства во рок од 30 дена, објави весникот „Лос Анџелес тајмс“, а пренесоа светските новински агенции.

Сабро ја издаде оваа наредба врз основа на тужба која се однесува на 7-годишно девојче од Конго кое е одвоено од мајката, и на 14-годишно момче од Бразил кое е раздвоено од неговата мајка.

Федералната судијка издаде и „забрана за раздвојување семејства во иднина на ниво на целата сојузна држава, освен во случаи кога ќе биде проценето дека родителот не е способен да се грижи за детето“.