Мицкоски: Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, смета дека „Македонија со владата на Зоран Заев не добила датум за преговори за членство во ЕУ, туку само капитулантски договор за смена на името“.

Мицкоски вели дека Македонија продолжува да биде надвор од патот на Европската Унија.

„Македонија не доби чиста препорака веднаш, како што впрочем ветуваше Зоран Заев. Македонија цела година ќе мора да тапка во место затоа што согласно извештајот потребно е да се направи прогрес во борбата против корупцијата, суштински реформи во повеќе области и создавање на услови за независно судство. Македонија со Зоран Заев доби штетен и капитулантски договор за смена на името, но не и почеток на преговори со Европската Унија и тоа веднаш“, вели Мицкоски.