Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина, но не се меша во прашањето за името, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Србија мора да ги почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, рече српскиот претседател по посетата на воено-полициската вежба „Заеднички удар 2018" во Краљево.
Вучиќ додаде дека Србија не се меша во внатрешните односи и сака тоа прашање мирно да се реши.