ВМРО-ДПМНЕ ги кочи медиумските реформи, обвини Поповски

Роберт Поповски

Министерот без ресор задолжен за комуникации, Роберт Поповски, смета дека опозицијата во континуитет го блокира носењето на законот за аудио и аудовизуелни медиумски услуги и „со тоа го кочи суштинскиот почеток на реформите во медиумската сфера во Македонија“.

„Тоа е многу видливо во собраниската Комисија за транспорт, врски и животна средина каде претседавач е од ВМРО-ДПМНЕ. Законот е буквално закочен. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во ниту една од серијата дебати. Откако тој помина на Влада и беше испратен во Собранието, тие доставија некаде околу 70 амандмани, притоа кога Комисијата заседава и на дневен ред е законот бесконечно се дебатира по еден амандман. Остава впечаток дека сакаат да го блокираат законот и да ја задржат оваа статус кво ситуација или да се пазарат за кои членови да бидат именувани“, изјави Поповски на отворањето на конференцијата: „Иднината на медиумите и новинарството во дигиталната ера“ во организација на Центарот за развој на медиуми.

Поповски рече дека „пазар“ не доаѓа предвид и ја повикува медиумската заедница „да се мобилизира и да помогне со притисок во донесување на законот“.