Отворање на пристапни преговори со Македонија во јуни 2019

Знамето на ЕУ

Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер напиша дека Советот на министри на ЕУ донел одлука за отпочнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“ напиша Хан на неговиот Твитер профил.

Отворањето на преговорите за Македонија, како што јави МИА е условено со спроведување на реформите. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни, 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.