Втора сесија дискусии за Македонија и Албанија на Советот на министри на ЕУ

Знамето на ЕУ

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ по паузата се вратија на состанокот на Советот на министри на ЕУ во Луксембург, каде продолжуваат дискусиите за одредување старт на преговори на Македонија и Албанија. Министрите оствариле и повеќе билатерални средби, но за сега се уште нема напредок.

Чешкиот министер за надворешни работи пред ручекот посочи дека доколку денеска нема решение за преговори за Македонија и Албанија, тогаш за прашањето повторно ќе се дискутира најверојатно,на следниот министерски совет во јули, но посочил и дека лидерите на самитот во четврток нема да можат да донесат одлука на оваа тема.