Заев и Курц со надеж дека Макрон ќе донесе проевропска одлука

Австрискиот канцелар Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Зоран Заев во Виена изјавил дека неговата земја и дава силна поддршка на Македонија за отворање претпристапни преговори со Европската унија. Курц, како што соопшти владината прес-служба, најавил дека Австрија ќе направи се што може, Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за Македонија.

Во однос на противењето на франција на проширувањето, Курц изразил верување дека претседателот Емануел Макрон ќе донесе проевропска одлука и дека се надева на позитивна одлука од земјата, за да не дојде до застој на регионот. Заев посочил дека верува оти Макрон ќе донесе одлука за продолжување на мотивацијата.