Комби влетало и се запалило во редакцијата на најтиражниот холандски весник

Непознат маж утрово со комби влетал во амстердамската редакција на најтиражниот холандски весник „Де телеграф“, јавија западните новински агенции. Загинати или повредени нема.

Според полицијата, комбито го скршило стаклениот излог на редакцијата, влегло внатре и се запалило, а возачот успеал да избега. Неофицијално, се работи за напад, а не за сообраќајна незгода.

„Сите работи укажуваат дека станува збор за напад, но ние нема да дозволиме да нè заплашат“, изјавил главниот уредник на весникот.