Коѕијас: Франција да се согласи за да нема дестабилизација на Балканот

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, во интервју за „Еуроактив“, изјави дека Европа треба да го исполни даденото ветување кон Македонија и Албанија и да почне преговори.

„Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност“, вели Коѕијас во интервјуто.

Коѕијас додава и дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат тие проблеми“.

„Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот“, вели Коѕијас во интервјуто.