Судири со милитантите во Пакистан, 7 загинати

Војник на пакистанската армија на границата во близина на Авганистан.

Пакистанската армија објави дека шест милитанти и двајца владини војници загинале во судири во област што граничи со Авганистан. Армијата соопшти дека битка денеска имало во областа Јужен Вазиристан, каде што се активни пакистанските талибанци. Армијата соопшти дека војниците, исто така, заплениле оружје и муниција во селото Спина Мела. Пакистанските талибанци тврдат дека нивните борци убиле тројца владини војници.

По нападот на пакистанската армија во 2014 година, повеќето од милитантите избегаа во Авганистан, но тие продолжуваат да вршат спорадични напади.