Уапсени демонстранти во Казахстан

Полицијата на Казахстан приведува демонстарнти во Алмати.

Десетици лица се уапсени во неколку градовите низ Казахстан во врска со ненајавени протести организирани од опозициското движење Демократски избор на Казахстан (ДВК). Полицијата денеска постави барикади во најголемиот град во земјата, Алмати, околу планираното место за протестот, а нејзини припадници го испрашуваа секој кој се обиде да влезе во оваа област. Дописниците на Радио Слободна Европа од местото на настанот пријавиле дека најмалку 10 лица биле уапсени и однесени со полициски автобус.

Дописникот на Казахстанската служба на Радио Слободна Европа , Андреј Свиридов, беше притворен во Алмати, откако ја покажа својата идентификација на полицијата. Проблеми беа пријавени и во други градови, вклучувајќи го и Уралск во регионот на Западен Казахстан. Демонстрантите бараат владата да гарантира бесплатно образование за сите Казахстанци.