Британската Влада ја поздрави ратификацијата на договорот за името

Премиерот Зоран Заев во Собрание на ратификација на договорот со Грција

Владата на Обединетото Кралство упатува честитки до премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето на договорот за името кој беше потпишан на 17 јуни, како и за неговата ратификација во македонското Собрание, соопштуваат од британската амбасада во земјата.

Британија, како што посочуваат од амбасадата, смета дека решавањето на прашањето за името ќе го отвори евро-атлантскиот пат, вклучително и преговори за членство во ЕУ и НАТО. Ќе се отворат, се додава, и значајни можности за двете земји и пошироко за регионот, преку зајакната безбедност и просперитет.