Европската комисија препорача преговори со Македонија

Европската комисија соопшти дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.

„Ние ја завршивме нашата работа. Одлуката сега е во рацете на Советот на ЕУ“, изјави портпаролот на Комисијата.

Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа ова прашање на седница во Луксембург и да одлучи со кого ќе почне нови преговори.