СДСМ: Што крие претседателот Иванов?

Што крие претседателот Ѓорѓе Иванов е прашањето што се наметнува по одбивањето на претседателот на државата да прикаже како ги трошел државните пари преку Алатката за отчетност, изјавија денеска од СДСМ, откако од Кабинетот на претседателот се изјаснија дека не ја прифаќаат Алатката за отчетност бидејќи не се обврзани со закон и бидејќи има други законски средства кои покажале дека претседателот чесно и транспарентно ги троши службените средства.

„Целокупното делување на Ѓорге Иванов е во спротивност на интересите на граѓаните и државата. Последен доказ за тоа е неговото одбивање на Алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење преку која граѓаните во секој момент ги имаат на увид информациите и податоците за трошењето на нивните пари“, рагира СДСМ во своето соопштение.