Премиерот Зоран Заев прими писмо со честитки од германската канцеларка Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти владината прес-служба.
„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се вели писмото од Меркел до Заев.