Ќе има судење за настаните во Собранието на 27 април

Обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април минатата година е прифатен, соопшти Кривичниот суд.

„Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и согласно АКМИС системот распределен на понатамошно постапување, ќе биде закажан термин за главна расправа“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Јавното обвинителство на 27 март годинава поднесе обвинение против 30 лица во врска со т.н. крвав четврток, меѓу кои и петмина пратеници и поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Од нив, 28 лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.