Вишеградската четворка го бојкотира Самитот на ЕУ за миграции

Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, односно Вишеградската четворка, најавија дека ќе го бојкотираат европскиот Самит за миграции што треба да се одржи викендов. Тие сметаат дека тоа не е соодветен формат за такви разговори. Тие се противат на повиците од западните земји од ЕУ, особено од Германија, сите членки на ЕУ да го „споделат товарот“ и да прифатат квота мигранти кои влегле во ЕУ од 2015 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел инсистираше на вонреден состанок во Брисел на 24 јуни, во пресрет на Самитот на ЕУ што треба да се одржи на 28 и 29 јуни.

Германија, Австрија, Италија, Франција, Грција, Шпанија, Малта, Холандија и Бугарија ќе учествуваат на Самитот.

Состанокот е организиран од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.