Се истражуваат причините за пожарот во Велес во кој загинаа три деца

Велес

Родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница, а за тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата во која вчера животот го загубија три малолетни деца, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес го заврши увидот на лице место каде што избувна пожарот во кој животот го загубија три деца на возраст од четири, две и една година. Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.