Јункер свика средба во Брисел заради мигрантската криза

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за в недела во Брисел закажа неформална работна средба на шефовите на држави или влади на осум членки на ЕУ посветена на прашањата за миграцијата и доделувањето азил, јави ДПА.

„Закажувам неформална работна средба за в недела во Брисел за прашањата за миграцијата и доделувањето азил со група шефови на држави или влади на членките заинтересирани за изнаоѓање европско решение пред претсојната седница на Европскиот совет“, објави Јункер на Твитер.

Според најавата, на средбата ќе учествуваат претставници на Австрија, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Малта, Франција и Шпанија.