Не правиме ребаланс на буџетот, тврди Тевдовски

Во моментов не се работи на ребаланс на Буџетот, бидејќи реализацијата на приходите е одлична и тие се собираат согласно проектираното, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Сепак, како што додаде одговорајќи на новинарско прашање, се прават анализи за тоа што треба да се стори во наредниот период.

„Апсолутно немаме проблем со приходната страна. Буџетот ги собира приходите како што сме ги проектирале, што е одлично. Можеме во целост да ги реализираме буџетските обврски“, рече Тевдовски по потпишувањето на Договорот меѓу Охридска банка и ЕБРД за нова поволна кредитна линија за инвестиции за малите и средни претпријатија.