ВМРО-ДПМНЕ ќе го праќа Договорот за името пред Венецијанската комисија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе бара Венецијанската комисја да се изјасни за правната издржаност на Договорот со Грција, најави денеска пратеникот Драган Данев, според кого, „злоупотребени се процедурите и прекршени се законите“.

„Ова е трет случај на грубо непочитување на процедурите. Првин изборот на Џафери за т.н. претседател на Собранието, потоа законот за двојазичност, па сега договорот со Грција. Зошто договорот со Бугарија се разгледуваше во Комисијата за надворешни работи, а овој во Комисијата за европски прашња? Затоа што власта сака да го протурка на мала врата“, рече Данев.