Русија со против мерки за САД во врска со царините

Фабрика за челик

Рускиот министер за економија рече дека Москва ќе одговори со против мерки по воведените царини за челикот и алуминиумот од страна на САД. Во соопштението министерот за економски развој, Максим Орешкин, рече дека дополнителните царини ќе засегнат голем број увозници на САД во Русија.

"Русија ги користи своите права во Светската трговска организација и воведува мерки за урамнотежување на увозот од САД", изјавува Орешкин. Тој не прецизираше за кои производи се работи , но рече дека со тоа ќе се избегнат загубите во руската економија. Листата ќе биде објавена во наредните денови, објави Министерството.

Вашингтон наметна царини од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум во март, повикувајќи се на национални безбедносни причини. Белата куќа соопшти дека овој потег има за цел ограничување на увозот од Кина. Претседателот Доналд Трамп подоцна привремено ги ослободи Канада и Мексико, заедно со Бразил и Јужна Кореја. Неколку руски индустриски конгломерати поседуваат капацитети за производство на челик во САД, вклучувајќи ги и НЛМК, Евраз и Русал. Северстал, поднесе тужба во Одделот за трговија на САД во врска со царините.